Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО: Стоиме зад идејата за специјален полициски оддел

0
By Нова ТВ on July 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 13, 2016 19:13

Од специјалното обввинителство ниту потврдуваат ниту демантираат дека на средбата со високиот американски дипломат Викторија Нуланд, обвинителката Катица Јанева побарала поддршка од неа за формирање на специјален ваков оддел во МВР, со кој тие би биле во директна комуникација.

Од СЈО за Алсат-М сепак потврдуваат дека проширувањето на тимот со ваков полициски оддел само би ја зголемил нивната ефикасност и би ја забрзал работата на предметите кои се уште се во предистражна постапка или во фаза на истрага.

„Дел од постапките налагаат работа и во други градови каде се водат предистражни постапки. Секој регион има посебен сектор за внатрешни работи. Доколку би имало едно специјално полициско одделение со кое би биле директно координирани, тоа би било многу целисходно“, рекле од СЈО.

Формирањето на вакво одделение, уште вчера министерот за внатрешни, Митко Чавков го оцени како нелогичен потег. Тој се противи во рамки на министерството со кое раководи да се формира специјално полициско одделение кое би работело по наредба на обвинителката Катица Јанева.

„Според законот за кривична постапка, било кој обвинител, дали е од основоното дали е од специјалното обвинителство, согласно законот можат да ангажираат секого за кого сметаат дека треба да биде ангажиран и онолку лица колку што мислат дека треба да бидат ангажирани. Не ја гледам логиката зошто би имало потреба за специјално полициско одделение, нелогично е тоа“, рече Митко Чавков, министер за внатрешни работи.

Од СЈО брифираат дека нееднаквото постапување на Кривичниот суд по нивните предмети ја подгреало атмосферата во јавноста за формирање специјално судско одделение во рамки на Скопска единица. Во јавноста по посетата на високиот американски дипломат Викторија Нуланд излезе информација дека таа поддржала формирање на специјално одделение во судот, кое би работело на предметите отворени од СЈО.

Јанева МВР СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.