Обвинители од Специјалното јавно обвинителство утринава во 6 часот влегле во сите фирми на бизнисменот Орце Камчев, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, кои добиле неофицијална потврда од СЈО., без да кажат детали за какви сомневања станува збор.
Според пораталот, СЈО врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба, со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР.
Нема информации во моментов додека трае претресот ни дали се врши заплена, а ни дали е некој уапсен.
На 29 август 2016 Камчев дојде на распит во СЈО, но Обвинителството тогаш не кажа во кое својство и за кој случај е повикан.