Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска денеска ги посети просториите на Град Скопје каде што бил одржан работен состанок.
Од Обвинителството велат дека се работи за предистражна постапка, но не откриваат за кој случај конкретно станува збор, објави А1 Он.
Неофицијално се разговарало за отпочнување соработка со која ќе се чешлааат документите за проектот „Скопје 2014“ , но и други материјали за кои СЈО има индиции и се сомнева дека имало криминал, според прислушуваните разговори.