Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандал во Англија: Алардајс ја загриза замката и поднесе оставка

0
By Нова ТВ on September 27, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 27, 2016 23:26

Англискиот селектор наседна на новинарски блеф, фудбалската асоцијација е принудена на в.д. решение до изнаоѓање на предводник на долг рок. Сем Алардајс поднесе оставка на кормилото на Гордиот Албион по само 67 работни дена. Летово го наследи Рој Хоџзон по Европското првенство во Франција, но се повлекува по наивното паѓање во замка што ја сместија новинари на британски телеграф. Се претставија како дел од компанија од Далечниот Исток и побараа средба со селекторот на Англија од која ги открија неговите корумпирани апетити.

На наместената средба побараа од Алардајс совет за заобиколување на правилата за трансфер на фудбалери што за таквата советодавна улога се обиде да наплати речиси 500.000 фунти. На крај памет немаше дека се е снимено. Материјалот веднаш излезе во јавност, а Алардајс се најде на зидот на срамот. Ниту момент не размислуваше за последиците, презеде одговорност, се извини на челниците на Фудбалската асоцијација, но веќе беше доцна. Оставката беше неизбежна и ја поднесе, гест што беше прифатен и од ФА.

„По разговор во асоцијацијата одлучив да заминам по последните случувања. Чест ми беше да бидам англиски селектор. Разочаран сум од текот на настаните, се сретнав со луѓето од Сојузот, се извинив и се разделивме. Свесен сум за срамот што го предизвикав со моите коментари. Полицијата побара објаснување за моите зборови на снимката и за контекстот на средбата пришто соработував во целост“, наведе Алардајс во изјава за медиумите. ФА на негово место го назначи Герет Саутгејт за в.д. селектор за наредните четири меча на англиската репрезентација.

За скандалот со Аладрајс, Телеграф ја посвети целата насловна страница. Фудбалскиот стручњак во минатото се поврзуваше со матни игри додека беше менаџер на Болтон.

Англија репрезентација Сем Алардајс Телеграф
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.