Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скендери: Групирањата се причина за нови кластери со ковид заболени во тетовско

0
By Нова ТВ on May 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 21, 2020 15:16

Групирањата на луѓето и непридржување до мерките е причината за драстичното зголемување на бројката на заболени со ковид-19 во тетовскиот регион и создавање на нови кластери. Вака Наим Скендери, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје во Тетово, ја окарактеризира големата бројка на новозаболени лица во градот.

„Денеска имаме 10 нови случаи во Тетово и околината. Повеќето од нив се луѓе кои биле во контакт со заразено лице, но има и нови кластери што е најголемиот ризик за зголемување на бројот на заболени. Имаме три нови кластери, а вкупната бројка е околу 25 кластери. Најголем број од случаите доаѓаат од Општините Тетово и Боговиње со околните села, истакна Скендери. 

Тој посочи дека луѓето не треба да се релаксираат и да се придржуваат до мерките, бидејќи коронавирусот е сè уште тука.

„Епидемиолошката ситуација во Тетово и во околината не е добра поради тоа што граѓаните, за жал, не ги почитуваат мерките кои се дадени од Министерство за здравство и Институт за јавно здравје. Нашиот апел за периодот што следува ќе биде ист како и досега, да нема собирање во групи, да нема одење во фамилијарни посети и задолжително носење на маски и физичка дистанца меѓу луѓето. Исто така да се избегнат и големи собири пред банки и пошти во градот“, нагласи Скендери.

Според податоците на Министерството за здравство, во тетовскиот регион досега се забележани 161 заболено лице од ковид-19, активни се 73 случаи додека бројот на починати лица е 15. 

заболени Кластери Ковид-19 причини Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.