Михаела Шифрин победи и во втората слаломска трка во новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање. Американката, по Леви во Финска, беше најумешна и во Килингтон, САД, и со вкупно време 1:27,95 минути по 21 пат во кариерата се радуваше во најтехничката скијачка дисциплина. Повеќе триумфи од неа имаат Швајцарката Френи Шнајдер (31) и Австријката Марлес Шилд.

Второто место го освои Вероника Велез-Зузулова од Словачка со заостанување од 73 стотинки, трет резултат забележа Венди Холденер од Швајцариа (+86 стотинки). Шифрин е лидер во генералниот пласман во Светскиот куп со 325 бода по четири трки. Втора е Холденер со 168 и Нина Лосет од Норвешка со 165. Американката го води главниот збор и со вкупниот пласман во слалом со максимални 200 бода пред Холденер која има 140 и Велез-Зузулова со 130.

Резултати од трката во слалом во Килингтон, САД: Михаела Шифрин (САД) 1:27,95 минути; Вероника Велез-Зузулова (Словачка) + 73 стотинки; Венди Холденер (Швајцарија) + 86 стотинки; Нина Лосет (Норвешка) +1,34 минути; Петра Влхова (Словачка) +1,35 минути; итн.

Генерален пласман во слалом: Михаела Шифрин (САД) 200 бода; Венди Холденер (Швајцарија) 140; Вероника Велез-Зузулова (Словачка) 130; Петра Влхова (Словачка) 105; Нина Лосет (Норвешка) 82; итн.

Генерален пласман во Светскиот куп: Михаела Шифрин (САД) 325 бода; Венди Холденер (Швајцарија) 168; Нина Лосет (Норвешка) 165; Петра Влхова (Словачка) 157; Теса Ворли (Франција) 140; итн.