Спустот во норвешки Квитфјел за Кјетил Јансруд. Домашниот натпреварувач победи со време 1:47,63 минути и за само осум стотинки на крајот беше побрз од Италијанецот Петер Фил, бранител на малиот кристален глобус во најбрзата скијачка дисциплина во Светскиот куп. Третото место му припадна на Беат Фојц од Швајцарија кој заостана 14 стотинки зад Јансруд.

Јансруд е прв скијач со два спуст триумфа во спуст во оваа сезона. Во декември го освои првото место и во Вал д’Изер. Последната спуст трка во Светскиот куп е закажана на 15 март во Аспен, САД.

Јансруд, моментно, е лидер во вкупниот пласман во дисциплината со 33 бода повеќе од Фил.