Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: 83 години од депортирањето на Евреите од Македонија – трагедија што засекогаш го обележа нашето колективно паметење

0
By Zoran Ivanov on March 11, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 11, 2026 12:30

 

Сеќавањето на Холокаустот е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод одбележување на 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка.

Тој истакна дека денеска „стоиме во тишина и со длабока почит пред една од најболните страници во нашата историја и се сеќаваме на депортирањето на македонските Евреи, трагедија што засекогаш го обележа нашето колективно паметење“.

Во март 1943 година, повеќе од седум илјади наши сограѓани – Евреи од Скопје, Битола и Штип – беа насилно собрани, одземени од своите домови, од своите семејства, од својот живот. Тие беа депортирани во логорот на смртта Треблинка, каде што нивните животи беа сурово прекинати. Зад таа бројка стојат имиња, семејства, соништа, таленти, судбини. Стојат луѓе кои биле дел од ткивото на нашите градови, од трговијата, од културата, од духот на Македонија. Со нивното исчезнување, нашата земја изгуби дел од својата душа рече Мицкокси.

Тој нагласи дека денеска не се сеќаваме само на трагедија, туку и на обврската за спречување на омразата, антисемитизмот, расизмот и нетолеранцијата во нашето општество.

Но, денес не се сеќаваме само на трагедијата. Се сеќаваме и на обврската. Обврската никогаш да не дозволиме омразата, антисемитизмот, расизмот и нетолеранцијата повторно да добијат место во нашите општества. Историјата нè учи дека злото почнува со збор, со предрасуда, со рамнодушност, а завршува со трагедии што го потресуваат човештвото. Затоа денес, како држава и како општество, ја обновуваме нашата заклетва: дека ќе ја чуваме вистината, ќе го негуваме сеќавањето и ќе ја браниме човечката достоинственост. Македонија е дом на различности. Нашата сила отсекогаш била во тоа што различните култури, религии и традиции живееле заедно, создавајќи заедничка иднина, нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека еврејската заедница оставила неизбришлива трага во историјата на оваа земја, а нејзиниот придонес во културата, образованието, стопанството и општествениот живот е дел од нашето заедничко наследство.

Денес, кога се сеќаваме на жртвите на Холокаустот, испраќаме јасна порака: сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата – наша историска одговорност. Нека споменот на депортираните македонски Евреи биде вечен. Нека нивната трагедија биде опомена за сите генерации што доаѓаат. Вечна им слава и вечен спомен, порача Мицкоски.

На одбележувањето се обратија и претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви и германската амбасадорка Петра Дрекслер. Премиерот, владини претставници и останатите присутни положија цвеќе пред спомен обележјето во поранешниот Монопол во Скопје.

 

Мицкоски скоипје Скопје Холокауст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.