Published: Friday, March 13, 2026 10:55
Поради протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре, почнувајќи во 12.05 часот, ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11 Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С.Македонија во Скопје.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при МВР, поради тоа ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.




