Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Со 1.5 сантиметри снег сообраќаен хаос во Скопје – граѓаните и возачите негодуваат

0
By Zoran Ivanov on January 21, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 21, 2026 11:04

Скопје утрово се разбуди под снежна покривка, откако првиот снег годинава падна во раните утрински часови, што, иако со слаб интензитет, создаде непридвидени проблеми во сообраќајот и јавниот превоз низ градот.

Ниските температури и повремени снежни врнежи го отежнаа движењето на улиците, а возачи и пешаци се соочија со изненадување што предизвика забавување или застој на неколку клучни сообраќајни…

Граѓаните на социјалните мрежи објавуваа фотографии и видеа од замрзнати тротоари, автомобили со тешкотии при возење и подолги времиња за патување кон работа или училиште. Некои сообраќајни правци беа блокиранипоради неисчистен снег, додека други останаа тешко проодни поради мраз и ниските температури.

Директорите на претпријатијата за зимско одржување на улиците и службите за итни интервенции соопштија дека се на терен и работат на расчистување на снегот, но предупредија дека сообраќајните услови ќе останат отежнати додека температурите не пораснат и снегот не се стопи.

И додека главниот град се справува со само неколку сантиметри снежна покривка, ваквата ситуација ја отвори дебатата за подготвеноста на јавните служби и квалитетот на инфраструктурата за справување со зимски услови – дури и кога снегот е минимален, а неговите ефекти врз нормалното функционирање на градот се видливи.

Снегот не е изненадување во зима – подготвеноста е наша обврска! Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки. Безбедноста на граѓаните е наш приоритет. Затоа, апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови. Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа, Скопје се движи безбедно и во зима, напиша Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.

Но граѓаните и возачиоте, според реакциуите на истата мрежа на која се огласи скопскиот градоначалник, реагираат поинаку.

Снегот од 1.5 сантиметри веќе созава проблеми и на коловозите за возачите и на тротоароите за пешаците, пушуваат тие.

Скопје снег сообраќај хаос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.