Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопјанец со метална шипка уби куче во Дебар маало

0
By Сашка Цветковска on April 29, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 29, 2017 21:20

Активисти за заштита на животни, граѓани и гости од кафулето „Радио бар“ протестираат пред зградата во која живее човекот кој пред нешто повеќе од еден час со метални шипки уби куче пред неколку десетина сведоци. Граѓаните кои протестираа пред домот на убиецот, велат дека тој бил приведен во полиција.

Граѓаните со кои разговараше НОВА, а кои моментално се наоѓаат пред зградата, а биле очевидци на крвавиот настан велат дека човекот излегол од зграда и со метална шипка почнал да го удира кучето затоа што лаело.

„Кучето плачеше многу, а крв прскаше на сите страни. Човекот дојде и бездушно почна да го мава. Сите се исплашивме и ни беше страв да се приближиме, затоа што мислевме дека може и кон нас да се сврти со шипките“, ни рече една од гостинките во кафулето.

Безживотното тело на кучето е се уште пред кафулето, а полиција се уште не дојдена иако присутните уредно го пријавиле случајот уште пред повеќе од еден час.

Многу пати досега, граѓани и активисти пријавувале насилство врз животни во полиција, но полицијата многу ретко, па речиси и никогаш не реагира.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека зборувал со Командирот на Полициската станица Центар и дека според она што го информирале од полицијата, обезбедени биле сите докази, официјално е утврден идентитетот, истрагата била завршена, а сторителот ќе одговара.

Според Кривичниот законик, член 233 кој предвидува, покрај паричната казна, предвидува  и казна затвор до шест месеци за оној што грубо злоупотребува животно, го изложува на непотребни маки, му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање.

Според законот за заштита и благосостојба на животните каде што е забрането предизвикување на болка, патење или повреди, сурови и нехумано однесување и убивање, како и осакатување на животни е предвидена парична казна во износ од 150 до 500 евра,  или 3.000 евра, во зависност од делото.

 

Закон за благосостојба на животни казна Кривичен закон куче метална шипка полиција протест Радио бар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.