Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопјани ги „дишат“ одлуките на советниците на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Marija Todorovska on April 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 2, 2024 13:32

Соња Танеска / Градска.мк

Автобусите на ЈСП низ скопските улици, чадат, се запалуваат, не само што загадуваат, туку се ризик и по животот на тие што се возат во нив. Апелот е постојано да се користи јавниот превоз, наместо автомобилите, за почист воздух, но како да ги натерате луѓето да ги напуштат возилата со ваков јавен транспорт?

Реалноста е дека Скопје е во агонија, инстутциите на Градот се затворени, не одговараат на новинарски прашања. Најстрашна е состојбата со јавниот превоз, автобусите често доцнат, ЈСП живее на апарати и секој месец закани за штрајк поради неисплатени плати, возачите своето незадоволство го истураат на патниците, ги кратат релациите, полнат гориво со полн автобус патници, се караат, не пуштаат греење/ладење.

Советот на Град Скопје е во состојба на клиничка смрт. Во последно време едвај се гласаат и субвенциите за јавните претпријатија и освен кавгите и препукувањата помеѓу Арсовска и советниците на ВМРО-ДПМНЕ не се случува ништо паметно. А најголемиот апсурд е што Арсовска беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ама сега се скарани и советниците на оваа партија се против сите предлози, а тоа особено се однесува на јавниот превоз.


Но забораваат дека и покрај новите предизборни ветувања дека во фокус им се граѓаните, тие веќе ги измамија граѓаните со градоначалник на Скопје кој не само што не го среди градот како што вети, туку го уништи.  Иако застанаа позади програмата „Модерно Скопје“ и ветија нови автобуси, и модерен јавен превоз, советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано гласаат против „Бас Рапид Транспортот“,  за што плаќаме и пенали, а се и против нови автобуси.

Штетата од нивните одлуки ја трпат граѓаните, тие чекаат автобус со часови, на студ и на високи температури, доцнат на работа, се возат во нечисти и неисправни автобуси, а што прави ВМРО-ДПМНЕ?

Шилегов ги набави последните 33 автобуси во 2020 година

Последните 33 еколошки автобуси беа набавени пред четири години во мандатот на претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, а тој го потпиша и проектот за Бас Рапид Транзит системот кој требаше да биде значајно решение за сообраќајот во градот.

Арсовска изборите  ги доби со нејзиното главно ветување бесплатен автобуски превоз за сите граѓани и 250 еколошки автобуси, во предизборната програма „Модерно Скопје“ како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ,  прво не го поддржа БРТ, а потоа пак откако го прифати, овој проект не беше изгласан од Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, кои не гласаа ниту за набави на други автобуси.

Во мандат на градоначалничката Данела Арсовска, во октомври 2022 година се случи за првпат во историјата главниот град Скопје да нема јавен превоз. Причина за ова беа неисплатени плати, а подоцна пак беа раскинати и договорите со приватните превозници бидејќи нивните автобуси не исполнувале стандарди.

Сегашниот јавен транспорт е концепт стар повеќе од 40 години и е правен за потребите на тогашно Скопје за да ги задоволува потреби на Скопје до 1984 година.


 

Кон крајот на 1980-тите години, во Скопје се организирал референдум околу изградба на шински јавен превоз во градот. На референдумот сепак граѓаните на Скопје се изјасниле против.

ЈСП во 2021 работело со 140 исправни возила, а во 2022 се ставија во функција 270 исправни возила. За 2023 година нема информации иако ниту приватните автобуси не се нешто многу квалитетни бидејќи се со просечна старост од 20-30 години.

Во 2019 на пример од вкупно 417 автобуси, исправни биле само 262, а во оптек биле само 209, половина од она што се води како возен парк на ЈСП (податоци за 2019, јан-јун) додека пак 155 од автобусите биле неисправни.

Телма во декември 2018 пишуваше дека 30 црвени од кинеските биле претворени во отпад, и 13 од вкупно 80 украински, кои во тој период беа стари во просек 7 години.

Некои биле расипани уште од 2015, со дефекти на мотори и менувачи, а сервисирањето било скапо, комплицирано и економски неисплативо, зошто во меѓувреме овие автобуси служеле како депо на резервни делови и се ваделе други делови. Се ваделе мотори, менувачи, прозорци, шофершајбни, кочници, столчиња, и др. за да ги стават во затворените двокатни.

Секојдневно сведочиме на постојаните дефекти на кинеските и украинските за кои се дадени 54 милиони евра и стравуваме од нивно самозапалување возејќи се.

ВМРО, Левица и Зелен хуман град против изградбата на автобуско метро во Скопје

Иако Арсовска со месеци  ја одложуваше реализацијата на автобуското метро – Бас рапид транзит, во ноември минатат година од Град Скопје соопштија  дека ги коригирале пречките на проектот .


Но, реализацијата на алтернативен јавен превоз во Скопје ја закочија советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Зелен хуман град.

ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави на изградбата на автобуското метро, порачувајќи дека проектот не бил дел од програмата „За модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека имаат оскудни информации за проектот, не знаат дали ќе се гради нов мост Обединети нации во Карпош, дали ќе се уништело средишното зеленило по булеварите и паркот во Ново Лисиче и какви автобуси ќе се набавеле за идните линии.


Од Левица пак  побараа во Скопје наместо БРТ да се градел трамвај.

Инаку, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на 15 ноември минатата година го потпиша договорот за имплементација на Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје. Владата ги обезбеди и неопходните 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за изградба на двете БРТ линии меѓу Ново Лисиче и Ѓорче Петров и меѓу Бутел и Пинтија.


 

 

аерозагадување Загадување ЈСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Официјално: Гостиварчлани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

ВЕСТИ July 21, 2026

Гостиварци пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, покажале резултатите…

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.