На територијата на Скопје вчера се изречени вкупно 296 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 114 санкции, 85 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 33 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во главниот град полицијата вчера изрекла 16 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила, четири за недавање првенство на минување на пешаци, 41 за непрописно паркирање.МВР укажува дека ќе ги продолжи засилените акциски контроли и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.