Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје ја плаќа цената на децениската негрижа

0
By Нова ТВ on December 14, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска оцени дека иницијативата на Фејсбук преку која родители најавуваат дека нема да ги пуштаат децата на училиште во знак на револт од загадувањето во Скопје e политички мотивирана.

– Мое лично мислење е дека во добар дел т.н. иницијатива на граѓаните е евтин политички блеф на ситно популистичката политика што ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а чии што стравични последици по нашето здравје ги чувствуваме токму сега. Моите информации се дека е политички мотивирана со цел да се дискредитираат и локалната и централната власт во борбата против загадувањето, рече Шилегов одговарајќи на новинарски прашања.

Прашан за можноста за предвремено почнување на зимскиот распуст на учениците, Шилегов посочи дека тоа не е во негова надлежност, но оти како градоначалник е подготвен да ги преземе сите активности кои ќе можат да придонесат за заштита, пред се, на децата.

Како што наведе, Град Скопје веќе работи и се очекува во текот на јануари дел од средните училишта да бидат со прочистувачи на воздух во училниците со што училиштата би биле поздрава средина за децата.

Зборувајќи за мерките што се преземаат против загадувањето  потсети дека на акцијата што е почната за чистење на Скопје,  како и дека се работи на нов концепт за јавен превоз, на усогласување на деталните урбанистички планови на општините со генералниот урбанистички план за да може, како што потенцира, да се стопира дивеењето во градбата.

– Има работи кои се направени со неповратна штета. Сопрен е протокот на воздухот, наведе Шилегов, апелирајќи загриженоста кај граѓаните да се канализира во вистинска насока со промена на животните навики кај секој поединечно.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули  порача дека е неопходен интегриран и координиран пристап на сите чинители од сите сектори заедно со идеите на граѓанските организации, но и со однесувањето на тие организации и на граѓаните воопшто. Побара партнерски однос и заедничка координирана акција во справувањето со загадувањето.  – Отворени сме кој било предлог што ќе може да помогне да го вклучиме и соодветно да буџетираме, рече Макрадули.

Според Едвард Гозналес, директор на канцеларијата за развој на УСАИД, загадувањето е комплексен проблем кој бара мултидициплинарен пристап.

– Македонија и Скопје пред се, се многу загадени гледајќи го европското ниво, но има градови во светот коишто се уште позагадени и можеме да ги слушнеме нивните искуства и да научиме од нивните примери со цел сите заедно, претставниците на општинските власти и на граѓанското опшетесво да најдат практични и ефективни решенија, рече Гонзалес.

Шилегов и Макрадули учествуваа на дискусија за развивање интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот, во рамки на проектот за УСАИД за граѓанско општество.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество (ПГУ) е петгодишен проект за зајакнување на капацитетот на ГО и младинските групи за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење и да придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија. За повеќе информации на https://www.facebook.com/CEPMacedonia/.

Гонзалес Загадување конференција Макрадули УСАИД Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.