Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје ќе добие противпожарно возило на подарок од Турција

0
By Соња Крамарска on May 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 26, 2022 15:55

Во рамки на тродневната посета на Турција, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, имаше средба со градоначалникот на градот Конја, Угур Ибрахим Алтај, на која се потпиша протокол за соработка, а како гест и потврда за воспоставените пријателски односи и соработка, градоначалникот Алтај за потребите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе обезбеди противпожарно возило.

„На работните средби кои ги остваривме во градот Конја договоривме конкретна соработка со градоначалникот Алтај, при што морам да го потенцирам пријателскиот и пречек и од желбата за интензивирање на билатералната соработка, која резултираше со гест на потврда на овие заложби од страна на Градот Конја, со доделување на противпожарно возило за потребите на Противпожарната бригада на градот Скопје“, изјави скопската градоначалничка.

Противпожарната служба во градот Конја опслужува територија над 42.000 квадратни метри, што ја покриваат 1000 пожарникари и над 2000 волонтери кои се грижат за безбедноста од пожари на околу 3 милиони граѓани во градот.

„При посетата на противпожарната служба во градот Конја, имавме средба со командантот Џевдет Ишбитриџи на која разговаравме за можностите за соработка на заеднички проекти и обуки, но имавме и прилика да ја видиме нивната техничка опременост во функција на заштита на околу три милиони граѓани во градот“, вели Арсовска.

Данела Арсовска посета Турција противпожарно возило на подарок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.