Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје во исчекување на политичка влада во Софија за исчекор на земјава кон ЕУ

0
By Sashko on July 14, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 14, 2021 09:27

Премиерот Зоран Заев очекува формирање на политичка влада во Софија заради, како што вели, потребите на бугарските граѓани, но и затоа што ние очекуваме исчекор во решавање на проблемот. Но, според аналитичарите, исклучително се мали шансите за промена на ставот на Софија кон Скопје во однос на усвојувањето на нашата преговарачка рамка и почеток на преговорите до крајот на годинава, откако предвремените парламентарни избори во Бугарија што се одржаа во неделата, втори за само три месеци, според првичните резултати имаат речиси ист исход со изборите во април, по кои никој не успеа да формира влада.

Истовремено, Заев вели дека ја поддржуваат Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе застанат зад неа, за на сите „да им биде јасно дека сме сите заедно застанати во заштита на македонскиот јазик и идентитет“, но нагласува дека уставното име мора да се почитува. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, на работен состанок со амбасадорите во ЕУ-земјите, вчера порача дека стартот на преговорите е врвен приоритет за дипломатијата и за време на словенечкото претседателство.

Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека политиката на Бугарија кон Северна Македонија зависи од отворен и конструктивен дијалог меѓу двете земји, Заев се согласува за потребата од дијалог меѓу Скопје и Софија.

– Претседателот Радев многу често кажува дека тоа не се решава во Брисел или во Вашингтон и јас се согласувам. Тоа се решава во Скопје или во Софија, билатерално, а пријателите што нè храбрат да изнајдеме решенија се секогаш добредојдени. На работниот состанок на 17 јуни мислам дека ги адресиравме сите детали, важни за нашата страна, важни за бугарската страна. Надежта останува да се оформи бугарскиот парламент и, пред сè, да се оформи политичка влада која ќе раководи со извршната власт на Бугарија, затоа што прашањето во Брисел се адресира преку Владата и верувам дека на вака заокружени решенија многу брзо ќе почне имплементацијата на патоказот кој носи добробит на граѓаните на двете земји во различни области, истакна Заев вчера на прес-конференција.

Политичките аналитичари Симонида Кацарска од Институтот за европски политики и Марко Трошановски од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во Скопје, во очекување на конечните резултати од „мртвата“ изборна трка меѓу ГЕРБ на Бојко Борисов и „Има таков народ“ (ИТН) на Слави Трифонов, кој има минимална предност под еден процент, оценуваат дека евентуална малцинска влада во Софија би била со краток здив и чекор кон нови предвремени избори, можеби во исто време со претседателските на есен, како и дека во вакви услови исклучително се мали шансите за промена на ставот на Софија кон Скопје во однос на усвојувањето на нашата преговарачка рамка и почеток на преговорите до крај на годината.

СДСМ ја поддржува Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и целосно стои зад заштитата на македонскиот јазик и идентитет, вели Заев, но и посочува дека Уставот во однос на името на државата мора да се почитува.

– Ако некој сака да го избегне уставното име, нека го прави тоа сам, ние тука нема да партиципираме. Нема да го кршиме Уставот. Уставното име на државата е Република Северна Македонија. Ја поддржуваме Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе застанеме зад неа, на сите да им биде јасно дека сме сите заедно застанати во заштита на македонскиот јазик и идентитет, но тоа не значи дека треба да го кршиме Уставот, напомена Заев.

Носењето ваква резолуција, според политичките аналитичари, е добро за градење натпартиска стратегија и пристап кон тешките прашања, како што се разговорите со Софија.

Во однос на усвојување на резолуција зад која би застанале сите политички партии во Парламентот со која би се исцртале нашите „црвени линии“, Кацарска смета дека тоа би обезбедило легитимитет на позициите внатре и надвор на секоја идна влада во разговорите за надминување на разликите со Бугарија, додека за Трошановски крајно време е да се обединат партиите по вакво важно прашање од национален интерес.

Бугарија Македонија спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.