Откажани се вечерните летови од и за Истанбул и Цирих, за Франкфурт, а дел од останатите летови се со статус за задоцнето полетување и слетување.
Густата магла во скопската котлина и вечерва предизвика откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци.
Според информациите од веб страницата на ТАВ Македонија, откажани се вечерните летови од и за Истанбул и Цирих, за Франкфурт, а дел од останатите летови се со статус за задоцнето полетување и слетување. Претходно аеродромскиот оператор соопштидека поради маглата во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот денеска напладне, авиокомпаниите откажале 20 лета, пренасочиле еден лет, а до 11 часот слетале авионите од Дортмунд и од Виена. Вчера од 00:00 часот до 18 часот, како што информираа од ТАВ Македонија имало 16 откажани и 11 пренасочени летови, додека три авиони слетале и три авиони полетале после пладне, кога се подобриле временските услови.




