Published: Saturday, May 23, 2026 10:57
Продолжува италијанската културна традиција во Скопје.
На 29 мај, петок, во Нациконалната Филхармонија ќе се одржи музичко-поетска вечер во рамките на „Скопски Брас Фестивал“.
Како солист доаѓа врвниот италијански трубач Марко Пиеробон, кој ќе настапи со ИД Камерниот оркестар под диригентство на Дијана Имери Илкоска.
Ќе бидат изведени дела од легендарните Енио Мориконе и Нино Рота.
Поетскиот дел, инспириран од Франциск Асишки, Луиџи Пирандело и Мајка Тереза, ќе го рецитира Тина Иванова.
Вечер посветена на „Љубовта и сите нејзини облици“.




