Пожар ги зафати скопските села Ракотинци и Кучково, потврдија за МИА од Центарот за за управување со кризи (ЦУК). За пожарите се известени припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Во моментот се преговара за исклучување на струјата со ЕВН со цел да не се предизвикаат дополнителни искри и ширење од пожарот. Од ЦУК велат дека пожарот од Ракотинци се движи кон Сопиште.