Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слика на Фрида Кало на аукција во Њујорк е продадена за рекордни 34,9 милиони долари

0
By Ана Василевска on November 19, 2021 КУЛТУРА
Еден од последните автопортрети на мексиканската сликарка Фрида Кало насловен „Диего и јас“ ( Diego y Yo)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нејзините дела исто така се одраз на нејзиниот болен однос со сопственото тело, инвалидитетот заради прележаната детска парализа и сериозните повреди по претрпената автобуска несреќа.

Еден од последните автопортрети на мексиканската сликарка Фрида Кало насловен „Диего и јас“ ( Diego y Yo) е продаден на аукција на „Сотеби“ во Њујорк за рекордни 34,9 милиони долари.

Ова е досега највисока цена платена за уметничко дело на латиноамерикански автор.

Рекордот претходно беше поставен од Диего Ривера со кого Кало со децении имала страствена врска. Негова слика е продадена за 9,76 милиони долари во 2018 година.

Автопортретот на Кало е приказ на расплаканата сликарка со сопругот Риверо насликан над нејзините очи.

Аукциската куќа „Сотеби“ на 16 ноември оваа слика ја опиша како едно од најважните дела на Фрида Кало кое се појавило на аукција.

Како што наведува “Њујорк тајмс“, купувачот на делото е идентификуван како Едуардо Ф. Косантини, основач на музејот во Аргентина.

Оваа слика последен пат била продадена на аукција во 1990 година за 1,4 милиони долари.

Кало, која се смета за една од најголемите сликари на 20 век, била позната по своите интимни автопортрети кои изразуваат болка и изолација.

Таа живеела од 1907 до 1954 година и со својата уметност гордо ја промовирала автентичната мексиканска култура.

Нејзините дела исто така се одраз на нејзиниот болен однос со сопственото тело, инвалидитетот заради прележаната детска парализа и сериозните повреди по претрпената автобуска несреќа.
(А.В)

Мексико Њујорк Фрида кало
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.