Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенија: Отфрлени измените на Законот за јавен ред и мир кои предвидуваа казни за „недолично однесување“

0
By Sashko on September 22, 2021 РЕГИОН
Фото: dreamstime.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенечкиот парламент денеска го отфрли предлогот за воведување на парични казни за „недолично однесување“, јавно поддржан од партиите на владејачката коалиција. Опозицијата го оцени предлогот како обид на Владата повторно да воведе „вербален деликт“ во обид да ги замолчи критиките поради нејзината политика. За измената на Законот за јавен ред и мир гласале 43 пратеници, а 44 од нив биле против.

Според одбиениот предлог, секој што се расправа, вика или се однесува недостојно кон поединец или група луѓе на начин што предизвикува нивно вознемирување или чувство на загрозеност, и го нарушува угледот на овие лица, ќе биде казнет од 500 до 1.000 евра, доколку тоа се случи во присуство на полицаец кој ќе го пријави случајот.

Во жестока дебата пред гласањето, опозицијата тврдеше дека со наметнување на парични казни, Владата на Јанез Јанша сака да воведе „вербален деликт“ од поранешниот режим и да спречи критики и незадоволство од антивладините протести, нејзините рестриктивни мерки и надворешната политика.

Владата прво размислуваше за изрекување парични казни за недолично однесување откако демонстрантите неодамна пред Парламентот извикуваа по членовите на парламентот, а некои дури и ги плукаа и ги навредуваа, откако се појавија наводи дека промените на законот за заразни болести ќе воведат обврска за вакцинирање против ковид-19.

закон Недолично однесување парламент регион Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.