Според преброените 90 отсто од гласачките ливчиња, иако медиумите во Словенија објавија дека Борут Пахор ќе добие втор претседателски мандат уште денеска, сепак тој ќе оди во втор круг.
Пахор освои нешто над 47 отсто од гласовите што претставува победа но не и доволен процент на гласови за уште во прв круг да го забележи вториот мандат.
За две недели во Словенија ќе се одржи вториот круг од претседателските избори, а со Пахор, таму влегува и градоначалникот на Камник, Марјан Шарец, кој освои речиси 25 отсто од гласовите.