Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Новартис: Дали грчки политичари биле поткупени од концернот

0
By Нова ТВ on February 13, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Случајот „Новартис“ ја бранува Грција. Со расчистување на обвинувањата за поткупливост на грчки опозициски политичари сега ќе се занимава истражна комисија во грчкиот парламент.Обвинувањата на заштитените сведоци се тешки: швајцарскиот фармацевтски концерн „Новартис“ наводно му давал поткуп на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас и други грчки политичари, како и на лекари за да се зголемат цените на неговите лекови и со брзо добивање дозволи да се завладее грчкиот пазар на медикаменти. Тоа, како што се вели од владини извори во Грција, во изминатите 15 години ја чинело државата 23 милијарди евра.

Во аферата наводно, покрај Самарас, се вмешани и поранешниот вицепремиер и министер за финасии Евангелос Венизелос од ПАСОК, како и актуелниот еврокомесар за бегалци и поранешен министер за здравство Димитрис Аврамопулос и актуелниот претседател на Централната банка, Јанис Стурнарас, пишува Дојче веле.

Политичарите чии имиња се спомнуваат во врска со скандалот тврдат дека сето тоа се „клевети“ и обид на владата на Ципрас да ја подгрее политичката клима за да го сврти вниманието од тешката финансиска криза во земјата. Тие бараат да бидат објавени имињата на „свиркачите“, кои ја отворија аферата во јануари минатата година, по обидот за самоубиство на еден менаџер во „Новартис“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак, од своја страна тврди дека се прават „обиди за заплашување на сведоците и правосудството“. Сега со случајот треба да се занимава грчкиот парламент. Ципрас најави основање истражна комисија. „Истражна комисија е единствениот институционален начин за расчистување на случајот Новартис“, изјави Ципрас за грчката телевизија. Покрај тоа, Атина има намера да бара и отштета од фармацевтскиот концерн.

„Новартис“ спроведува внатрешна истрага

„Новартис Грција“ вчера соопшти дека соработува со правосудните органи и дека сите информации објавени во медиумите се нецелосни. Од главното седиште на фирмата во Базел се вели дека „Новартис“ веќе почнал внатрешна истрага за случајот. „Решени сме да ја разјасниме ситуацијата и евентуално да преземеме одговорност за сите активности кои не ги исполнуваат високите стандарди за етичко деловно однесување. Новартис досега нема добиено увид во актите и за истрагата не е информаиран ниту од обвинителството ниту од парламентот во Грција“, соопшти концернот.

Правосудното расчистување на случајот, според правниците, ќе трае со месеци, ако не и години. Грчкото правосудство минатата недела мораше да му ги проследи на парламентот резултатите од повеќемесечната истрага, поради тоа што многу наводно вмешани парламентарци уживаат пратенички имунитет.

Грција Новартис скандал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.