Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Шпион“: Одбраната очекува укинување на пресудата

0
By Нова ТВ on September 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 1, 2016 15:17

Маратонска седница денеска се одвива во Апелациониот суд, каде се разгледуваат жалбите на првостепената пресуда на Кривичниот суд за осудените во случајот „Шпион“.

Пресудата за случајот напишана на 1.056 страници е во целост оспорена од обвинетите и од нивните адвокати.

На јавната седница за првпат присуствуваат обвинителите од Специјалното обвинителство Ленче Ристовска и Елизабета Јосифовска, откако СЈО го презеде случајот и тие на крајот од јавната седница ќе дадат свое мислење во однос на жалбите.

Адвокатот Ѕвонко Давидовќ најави дека одбраната на обвинетите очекува да се укине пресудата, затоа што според нив има многу пропусти.

-Очекуваме да се укине пресудата затоа што има навистина повреди. Прво, повредено е правото на одбрана, нас не ни беше доставена ниту првостепената пресуда. Она што е најинтересно, суштината е дека се оддавале информации за определени луѓе на странски служби. Во ситуација кога нашето МВР има таква опрема, такви информации се достапни на сите. Од јавен карактер се сите, особено што досиејата за Богдановски и другите, така да сето ова што го пишува првостепениот суд во ваквата пресуда е срамно и необјективно, посоч адвокатот Давидовиќ.

Пресудата е оспорена во 45 точки, а најавено е дека седницата ќе продолжи и утре. При првостепената пресуда обвинетите беа осудени на вкупно 73 години затвор.

Во случајот „Шпион, на 18 обвинети им се суди за злосторничко здружување, шпионажа и уцена, опфатени се поранешни и сегашни разузнавачи од цивилното и военото разузнавање, екс полициски службеници, екс директорот на Управата за борба против перење пари, екс шефот на Претседателот на Собранието на Република Македонија.

Меѓу нив е и новинарот Зоран Божиновски кој се товари за три дела, но неговата постапка беше во прекин, затоа што српските власти кои го уапсија во 2013 година, не ѝ го испорачуваа на Македонија, сѐ до март годинава, кога во „брза“ постапка, за само еден ден, беше екстрадиран.

Божиновски се наоѓа во притвор во Шутка, а рочиштето во Кривичниот суд за него повторно беше одложено денеска, откако судијката Александра Крстиќ обвини дека Апелација ги нема доставено на увид доказните материјали иако првостепениот суд во неколку наврати го побарал тоа. Следното рочиште за Божиновски е закажано за 27. септември.

Утрово Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и повеќе медиумски организации и активисти побараа судот да дозволи Божиновски да се брани од слобода.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани од Здружението на новинари на Македонија истакна дека доколку судот дозволува поранешни функционери, осомничени за сериозно нарушување на демократијата да се бранат од слобода, тогаш тоа може да важи и за новинарот Божиновски.

„Шпион“ Божиновски ЗНМ СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.