Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Тарифа“: Три години затвор за екс директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски

0
By Нова ТВ on December 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Тригодишни затворски казни се изречени за поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“, Дејан Бошковски и вработените Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорговски кои Судот ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената положба и овластувањето при набавка на софтверски систем за компанијата. Бошковски е осуден за злоупотреба на службената должност како директор на АД „ЕЛЕМ”, додека Стојменовски и Ѓорговски за злоупотреба на службена положба и овластувања со потпишување и издавање сертификати, со што нанеле штета на компанијата од девет милиони денари.

Судот ги задолжува и да ја надоместат штетата од преднајавено имотно правно побарување и тоа Ненад Ѓорговски 20.000 евра, а Методиј Стојменовски 30.000 евра, додека за преднајавената штета од 150.000 евра, АД „ЕЛЕМ“ се насочува да ги бара во судска постапка. Осудените, кои треба да ги платат и трошоците за судската постапка и вештачења, имаат право на жалба на пресудата. Стојменовски и Ѓорговски беа ослободени по точка од обвинението за злоупотреба на службена должност со противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на АД „ЕЛЕМ“, со што, како што стоеше во обвинителниот акт, и причиниле имотна штета на компанијата од 450.000 илјади евра.

Во образложение на судската одлука е наведено дека сите тројца се осудуваат на казна затвор како виновни за повеќе кумулативни дејствија по повеќе точки од обвинението, иако според обвинителниот акт, јавниот обвинител бараше одделна одговорност за сите точки од обвинението.

Судскиот процес го водеше судијката Софче Гаврилова Ефремова, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов. Сите обвинети на почетокот на судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот го отвори поранешното Специјално Jавно Oбвинителство во 2018 година, за потоа да премине во надлежност на Јавното Oбвинителство.

Дејан Бошковски ЕЛЕМ Случај „Тарифа“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.