Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случајот Тврдина 2 заглави на подготвителни рочишта

0
By Нова ТВ on January 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со нова обврска кон СЈО заврши и второто подготвително рочиште за случајот Тврдина 2 во која обвинетиот началник на петтата управа на УБК Горан Грујовски и неговите шест колешки се товарат за уништување на службена документација поврзана со опремата за прислушување.

Судијката Лидија Петровска, овој пат побара од СЈО да се обрати до Дирекцијата за заштита на класифицирани податоци и до МВР за дообјаснување околу барањето на ова обвинителство за судска употреба на доказите кои се сметаат за класифицирани информации во случајот.

СЈО пак, тврди дека не бара доказите кои сака да ги употреби во случајот да бидат декласифицирани, туку да може да ги видат и слушнат лица кои имаат обезбедено безбедносен сертификат.

Од одбраната во текот на рочиштето тврдеа дека требало СЈО доказите да ги набави пред почнувањето на судскиот процес, додека обвинителите од СЈО рекоа дека до следното подготвително рочиште повторно ќе се обидат и ќе направат се што е во нивна моќ за да ги добијат доказите кои ги бараат.

На подготвителното рочиште беше утврдено дека една од адвокатите на обвинетите Јована Тасевска нема безбедносен сертификат, што значи дека доколку не го набави истиот, нема да може да изврши увид во доказите кои се сметаат за класифицирани.

Следно подготвително рочиште е закажано за 13 март.

Претходно новинарите беа отстранети од рочиштето за да може да се прочита дописот кој СЈО го добило од МВР.

Горан Грујовски подготвителни рочишта СЈО Тврдина 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.