Службата за безбедност на Украина (СБУ) покрена обвинение против гувернерката на Централната банка на Русија Елвира Набиулина, објави прес-службата на одделот на Телеграм.

Според извештаите, тие имаат докази дека Набиулина „учествувала во финансирањето на руската армија и воено-индустрискиот комплекс“, објави Спутник.

„Тоа беше таа што го организираше воведувањето на рубљата во регионите на југот и на истокот на Украина“, се вели во соопштението на СБУ.