Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смоки, Шурда, Зис – дел од улогите за паметење на Љубиша Самарџиќ

0
By Нова ТВ on September 9, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 9, 2017 10:26

Љубиша Самарџиќ беше еден од најпознатите актери во поранешна Југославија. Смоки, како што го нарекуваа по една од неговите улоги, беше дел од голем број на добри филмови и серии. Одработи вкупно 98 филмски ликови и 33 во телевизиски серии во 50 годишната професионална кариера. Премиерата ја имаше во 1960 година во филмот „Сплетка и љубов“ на Сава Мрмак и Јанез Шенк, последното појавување пред камерите беше во 2011 година во ТВ серијата „Мирисот на дождот на Балканот“ што и самиот ја режираше. Во продолжение само дел од највпечатливите улоги во кариерата на Љубиша Самарџиќ.

Микајло – „Прекубројна“ (1962 година)

Филмско остварување на Бранко Бауер за животот на младите за време на работните акции. Самарџиќ доби улога на момче што ќе се заљуби во студентката Нада (Слежана Михајловиќ) иако беше во врска со Малечката (Милена Дравиќ) која, иако прекубројна, го придружуваше на секоја работна акција. Додворувањето не помина, па се врати во прегратки на Малечката која верно го чекаше. Тоа беше првиот филм во кој играше со Милена Дравиќ. Подоцна станаа една од најомилените актерски двојки во СФРЈ.

Смоки – „Песочен замок“ (1963 година)

Оваа улога значеше и негов доживотен прекар. Во филмот на словенечкиот режисер Боштјан Хладник, Самарџиќ играше момче кое заедно со својот другар сретнуваат девојка (Милена Дравиќ) по капут и бикини која тврди дека останала без гардероба и пари додека била во вода. Таа им се придружува, флертува со двајцата, а тие, пак, почнуваат да крадат за неа. Во 1967 година, Самарџиќ ја повторува улогата во ТВ серијата „Смоки“ во шест епизоди.

Мали – „Утро“ (1967 година)  

Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ го режита еден од првите забранети југословенски филмови. Но, улогата што во него ја толкуваше Самарџиќ му донесе „Златна арена“ на фестивалот во Пула и „Златен лав“ на престижниот фестивал во Венеција за најдобар актер што досега не успеал ниту еден друг негов колега од просторите на поранешната држава. Легендарниот актер во него настапува како партизански поручник кој по војната пристигнува во ослободениот Чачак. Притоа наидува на разни пречки и судири со соработниците на непријателот, но поранепниот војник продолжува со убивање и во мирнодобски услови како еден вид на неова внатрешна борба и борба со луѓето во опкружувањето.

Новак – „Битката на Неретва“ (1969 година)

https://www.youtube.com/watch?v=DQ4yahjr5wU

Еден од најдобрите и најскапи југословенски филмови на сите времиња. За ова филмско остварување се знае се. Впрочем за него најмногу говори самата номинација за Оскар за најдобар странски филм. Режираше Вељко Булаиќ кој работеше со светски ѕвезди како Јул Бринер, Орсон Велс, Франко Неро и Харди Кригер. Домашната актерската екипа ја предводеше Љубиша Самарџиќ во ликот на Новак, митралезец кој успешно запира четничко напредување. Улогата и начинот на кој ја одигра му донесе Гранпри на филмскиот фестивал во Ниш.

Црни Рок – „Каде одат дивите свињи“ (1971 година)

Една од најпознатите ТВ серии во поранешна Југославија беше ремек-делото на режисерот Иво Стивичиќ. Самарџиќ во неа го игра ликот на Црни Рок, водач на група криумчари кои делуваат во околината на Загреб во периодот 1941-1943 година пришто, покрај конкуренцијата, се бори и со усташи и со Германци.

Зис – „Валтер го брани Сараево“ (1972 година)  

Култен филм на Хајрудин Крвавац или во слободна интерпретација како биографија на антифашистички борец од Втората светска војна, Самарџиќ го толкува ликот на Зис кој е најблизок соработник на Владимир Периќ Валтер (Бата Живоиновиќ).

Ковач – „Бомбаши“ (1973 година)

https://www.youtube.com/watch?v=zuO9_ZFRFQQ

Самарџиќ игра улога на другар и соборец на Ѓока (Бата Живоиновиќ) во воениот филмскиот производ на Предраг Голубовиќ. Антологиска е сцената во која двајцата жонглираат со бомби пред да го фрлат во германски бункер.

Боривое Шурдиловиќ Шурда – „Жежок ветар“ (1980 година)

https://www.youtube.com/watch?v=lBx-6K89tbE

Без сомнение е улога на неговата кариера. Шурда (Љубиша Самарџиќ) е момче од јужна Србија кое пристигнува во Белград по работа и од епизода во епизода доживува разни авантури, а повремено навраќа и кај вујко му Фиргa (Миоград Петровиќ Чкаља).

Покрај Југославија, серијата со успех се прикажуваше Австрија, Унгарија, Романија и Чешка. Во Унгарија дури беше прогласена за најдобра на сите времиња, а Самарџиќ, при посетата на Будимпешта во средината на 80. години од минатиот век, бепе дочекан од преку 100.000 луѓе. Врз основа на серијата подоцна беше снимен и филм насловен како „Авантурите на Боривое Шурдиловиќ“, а за улогата на Шурда, Самарџиќ беше прогласен за најдобар актер на Европа на фестивал во Рим.

Бошко Симиќ – „Полицаец од Петлово брдо“ (1993-1994 година)

Во 12. епизоди на серијата „Полицаец од Петлово брдо“, Самарџиќ е инспектор и татко на пет деца со четири различни сопруги (Светлана Бојковиќ, Неда Арнериќ, Милена Дравиќ и Маја Сабљак). Сите се успешни деловни жени чии кариери не оставаат време за семеен живот, па Бошко со децата живее во куќа на Петлово брдо и за нив е татко и мајка.

Љубиша Самарџиќ Серии Улоги Филмови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.