Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со 86 килограми марихуана по патот Прилеп-Градско удрил во полициското возило и сакал да бега

0
By Соња Крамарска on June 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на дрога и спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

На 31 мај, осомничениот 24-годишник од Охрид, опишува Обвинителството, на магистралниот пат Прилеп-Градско пренесувал 86,11 килограми наркотична дрога марихуана, наменета за натамошна продажба. Дрогата ја сместил во четири патни торби, на задното седиште од автомобилот, па во близина на бензинска пумпа на излезот од Прилеп бил сопрен од полициски службеници. Кога се обиделе да извршат контрола, со употреба на сила, тој ги спречил службените лица. На даден знак, тој најпрвин го запрел возилото, а кога полициските службеници се доближиле да го проверат неговиот идентитет и сообраќајните документи, нагло со големо забрзување побегнал возејќи во правец кон полицајците. За да го избегнат ударот, тие скокнале на страна, а осомничениот со автомобилот удрил во службеното полициско возило и во уште еден автомобил во близина. Потоа продолжил да вози кон Градско и кога пристигнал кај местото викано „Ленишки мост“, запрел и започнал од автомобилот да ги исфрла торбите со дрога. Полициските службеници го забележале, го совладале и го лишиле од слобода.

Надлежниот јавен обвинител до судијата од Основниот суд во Прилеп достави предлог за притвор, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да побегне и да се обиде да ги прикрие трагите од извршеното дело. Судијата го прифати барањето и на осомничениот му даде притвор 30 дена.​

86 килограми дрога Јавно обвинителство притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.