Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Укажувачи – тајни играчи што можат да ја променат историјата

0
By Нова ТВ on November 4, 2017 ПОЛИТИКА
Ѓорѓи Лазаревски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 4, 2017 14:09

Со францускиот филм „Да се биде укажувач“, започна првиот истражувачки филмски фестивал во  Скопје. По документарниот филм во кој се раскажува приказната за французинот Рафаел Але кој е главниот „виновник“ за откривањето на аферата „Луксликс“ на сцената во Кино Култура новинарката на НОВА ТВ, Сашка Цветковска ја модерираше дебатата „Укажувачи – ’тајни’ играчи кои можат да ја променат историјата“.

На дебатата учествуваа, Ѓорѓи Лазаревски – македонскиот укажувач кој овозможи јавноста да дознае како претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ масовно ги прислушувала своите граѓани, легендарната американска новинарка Бети Медсгер која во 1971 година ги објави анонимно доставените документи кои беа украдени од канцеларија на ФБИ, Алесија Черантола и Беноа Бринже, истражувачки новинари кои беа дел од тимот репортери што работеше на истражувачката сторија „Панамските документи“, која ја освои Пулицерова награда, младата адвокатка Павлина Зефиќ и Денис Ампев, активист кој работи на подигање на свеста н текстилните работници преку културата и уметноста.

Лазаревски, на дебатата рече дека истрагата за случајот „Пуч“ во кој беа обвинети Лазаревски, Ѕвонко Костовски, Зоран Верушевски и сегашниот премиер Зоран Заев, не ја воделе обвинителите, туку на многу повисоко ниво.

„Кога имате таков обвинител кој мисли дека знае се, смислија сценарио кое беше провидно и кое веднаш падна во извештајот на Прибе. Се беше јасно“, рече Лазаревски.

Тој раскажа дека во МВР отишол како гостин на негово барање за да се утврди врската со Зоран Верушевски и да соопшти дека ги имаат доказите за незаконското прислушување

„На средбата наеднаш излезе од соседната просторија поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, кој викаше „Не е точно, не е точно“. Го поминав целиот ден таму и пиев само вода, но се чувствував ослободено. Потоа нѐ обвинија за шпионажа и нѐ притворија, а ние самите баравме прием и пријавивме МВР“, рече Лазаревски.

Денеска и утре на фестивалот ќе се одржат дебати, работилници и ќе се гледаат филмови.

Новинарката Кристина Озимец од Платформата за истражувачко новинарство и анализи ПИНА, која е еден од организаторите на  фестивалот најави дека Истражувачкиот филмски фестивал во  Скопје претставува настан на кој може да се најдат филмови, дебати и работилници на разни теми од областа на новинарството и медиумите.

Таа вели дека кога пред неколку месеци со неколку колешки и ентузијасти ја формирале ПИНА, со цел да придонесе во подобрување на состојбата на истражувачкото новинарство, како и за унапредување на состојбата на жените новинарки во медиумите, не постоела идејата за фестивалот туку само идејата за формирање и развој на нивниот медиум – pina.mk, како една платформа каде ќе може да се најдат истражувачки стории и анализи на разни теми.

„Низ целиот процес се наметнаа и искуствата кои ги стекнав во праксата во САД во една организација за истражувачко новинарство како и посетите на слични фестивали во САД и Европа, со што полека започнав да размислувам дека е можеби добра идеја да се организира нешто слично кај нас, секако прилагодено на нашите услови. Фестивалот годинава опфаќа теми како ситуацијата со свиркачите, феноменот на лажни вести, корупцијата, еколошката ситуација и загадувањето во земјава и многу други теми. Со овој пристап се надеваме дека фестивалот освен што ќе биде интересен за новинарите и медиумската заедница, ќе биде привлечен и за пошироката публика, што за среќа се покажа како точно после вчерашното отворање на фестивалот во полна сала во Кино Култура“, вели Озимец.

дебата Истражувачки филмски фестивал Скопје ПИНА Укажувачи филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.