Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со концерт од новиот филмски винил на „Љубојна“ почнува „Крај Вардарот џез“

0
By НОВА ТВ on September 2, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 14:01

Второто издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“ ќе биде отворено на 5 септември (недела) во 20 часот во паркот зад Младинскиот културен центар со настап во живо на „Љубојна“ и „Кантон6“, најавија денеска на прес-конференција организаторите Мирко Попов и Владан Дробицки.

На првата фестивалска вечер, Љубојна, кои прославуваат 20 години постоење и работа на сцената, концертно ќе го промовираат најновиот материјал од винилот „Стела“, кој е филмски саундтрак за истоимениот филм во режија на Стојан Вујичиќ, а во продукција на „Дрим фактори“. Албумот го издава дискографската куќа „ПМГ Џез“. Воедно ќе се осврнат и на некои од највозбудливите мигови од нивната долга и успешна музичка кариера.

Истата вечер ќе настапат и скопските „Кантон6“, кои ќе дебитираат со материјалот од нивниот трипли албум „Џезус“. „Кантон6“ ќе го претстават својот оригинален бленд на електроника, модерен џез и лажна митологија.

– Голем успех и задоволство е кога најавуваш нов албум. „Стела“ е винил издание кое од овие 20 години работа, ги открива новите музички визии на Љубојна. Специјално значење има затоа што е оригинална музика од играниот филм „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ, и можеби прво издание на филмска музика на винил. Музичкото ткиво е интересен фјужн на изрази и идеи. Големо благодарам за соработката и вложениот труд на издавачката куќа ПМГ џез и продукциската куќа Дрим Фактори за заедничката љубов која направи овој винил да е во наши раце и чија што музика во живо ќе зазвучи во недела на фестивалот Крај Вардарот џез, еден од моите омилени фестивали, изјави Вера Љубојна.

На средбата со новинарите, Попов рече дека фестивалот сериозно и продлабочено работи на откривање и промоција на домашната џез и современа сцена.

-За кусо време успеавме да издадеме релативно голем број автентични квалитетни музички изданија, кои според добрите познавачи, поттикнаа нов бран на македонската, но и регионалната сцена. Откривањето, развојот и презентацијата на извонредниот квалитет, кој постои во Македонија е главниот интерес на ПМГ Џез и фестивалот кој го организираме. Присутноста, па и успехот на дигиталните платформи, се прелева во амбиција за издавање и на “хард копи“ изданија, како ЦДа, но особено сме фокусирани на издавање винили. Некој ќе рече тоа е луксуз, но тоа е токму она што не прави сериозни во работата и јасно не одвојува од опортунистичкиот џез естаблишмент. Ние сме тука за суштината. А суштината и културата тука се луксуз, вели Попов.

Билетите за отворањето се во строго ограничен број и можат да се купат на билетарата во МКЦ Скопје и онлајн на www.bileti.mkc.mk. Винил и ЦД изданијата од „ПМГ Џез“ ќе можат да се набават самата вечер на фестивалот по промотивни цени.

Предходно на 3 септември, во 21 часот во кафе бар „Котур“, ќе има слушачка промоција на најновиот албум „Стела“ на „Љубојна“. Ова е прв македонски филмски саундтрак издаден на винил. На слушачката промоција, плочата ќе биде достапна по промотивна цена.

На 10 септември, во 21 часот во рамки на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во кафе книжара Буква, закажана е слушачка промоција на винилното издание „Крај Вардарот Џез 1“, компилација од повеќе автори, кои издаваат за ПМГ Џез. Плочата „Крај Вардарот Џез 1“ произлезе од работата на лејблот со артистите од овој нов џез бран. На неа се поместени осум композиции од: „Светлост“, „Кантон6“, „Сетстат“, „Филип Букршлиев“, „Јордан Костов Квинтет“, „Кобалт Код Јунит“, СД4 и хитот „Бела“ од Сетстат и Мирко Попов.

На 6 октомври, во 20 часот, во кино Фросина, МКЦ ќе биде заокружено второто издание на фестивалот со концерт на „Такси Конзилиум“ и „Дино Имери“.

-При составувањето на програмата се водевме од неколку принципи. Решивме да промовираме проекти, кои се првенствено продуцирани за нашата издавачка куќа. Истите се моментален врв во македонското џез творештво и се живи проекти, кои концертираат интернационално. Не случајно изборот падна на „Кантон6“, Љубојна, пијанистот Дино Имери и составот Такси Конзилиум, чиј албум беше прогласен за еден од најдобрите за месец мај, на платформата Бандкамп, изјави Дробицки.

„Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи според пропишаните ковид-протоколи, меѓу другото и со покажување сертификат за вакцина на влезот.

концерт љубојна филм џез фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.