Филмот на Ѓорче Ставревски е приказна за механичар од железничко депо, кому синот немајќи пари да купи лекови, му дава колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак. Меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител.

Филмот на Ставревски ја освои наградата на публиката на овогодинешниот Солунски филмски фестивал, која се доделува во рамки на програмата „Balkan Survey“.

На фестивалот, кој почна на 9 ноември, а завршува денеска, беа прикажани вкупно 135 филмови во разни категории.