Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со повреда, но без предавање заврши Вимблдон за македонската тениска надеж, Калин Ивановски

0
By НОВА ТВ on July 9, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 9, 2021 16:11

Македонската тениска сензација, Калин Ивановски (17 години), го заврши својот настап на јуниорскиот дел од гренслем-турнирот Вимблдон. Калин го заврши овогодишното издание на Вимблдон, кое дефинитивно ќе го памети како одлично искуство за понатамошниот дел од кариерата која треба да биде навистина светла и одлична со оглед на предиспозициите и квалитетот со кој располага нашиот тенисер.

После двете победи над стартот 17-годишниот Калин Ивановски го привлече вниманието со неговите игри и денешното осминафинале беше директно пренесувано на „Спортклуб 1“.

Ивановски беше поразен во осминафиналето со 2:0 во сетови, од седмиот носител Џек Пинингтон Џонс (5-7, 0-6), но во поголемиот дел од мечот се бореше со повреда.

Калин сервираше извонредно во најголем дел од првиот сет, поведе со 5:4, но потоа следеше непријатна серија и незгодна повреда која направи мечот да добие непосакуван тек. Британецот Џек Пинингтон Џонс израмни на 5:5, а потоа направи брејк за 6:5 кој се покажа како клучен во целиот меч.

Во вториот сет Ивановски имаше и медицински тајм-аут, но не се откажа и лавовски се бореше, но Џонс го искористи моментот и го освои сетот со 6:0.

Нашиот тениски ас во првото коло го преслуша Американецот Дејли Бланч со 7-5, 7-6, а потоа и Литванецот Едас Бутвилас со 7-6, 7-6.

Во следната фаза Пинингтон Џонс ќе игра против Виктор Лилов од САД кој со 2:0 (6:2, 6:1) го совлада Војтех Петр од Чешка.

Вимблдон Калин Ивановски тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.