Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со распит на сведоци продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид

0
By Marija Todorovska on June 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со распит и вкрстено испрашување на сведоци на обвинителството денеска продолжи процесот  што пред Основниот суд во Охрид се води за случајот со нападот врз Христијан Пендиков, секретар на поранешниот бугарски културен клуб во Охрид.

Прв на судската говорница беше повикан да сведочи Зоран Котевски, експерт по судска медицина и криминалистика од ЈЗУ Клиничка болница „Трифун Пановски“ од Битола, кој го презентираше својот извештај за повредите на оштетениот Пендиков.

Котевски пред Судот ијави дека целосно останува на неговите наоди дадени во писмените извештаи од 30.01.2023 и дополнувањето на извештајот од  04.05.2023 година.

Одговарајќи на прашања на адвокатот Димитрија Цобоски, застапникот на одбраната, тој рече дека согласно типот на повредите оштетениот можел целосно и успешно да биде лекуван и во нашите здравствени установи, односно не морал за истото да бара медицинска помош во Бугарија, како што направи оштетениот.

Потоа исто така на прашање на одбраната, експертот посочи дека кај оштетениот се регистрирани три тешки повреди, додека сите останати заедно според криминалистилката судска медицина се водат како телесни повреди.

Исто така екпертот прецизираше дека настанатите тешки телесни повреди кај оштетениот било потребно да му бидат нанесени најмалку два физички удари, како и дека истите биле нанесени со гола рака.

Уште тој сведочеше дека дополнителната медицинска документација за повредите на оштетениот Пендиков била доставена накнадно до медицински установи од Бугарија, каде оштетениот се лекуваше.

Како што рече тој, настанатите телесни повреди кај оштетениот успешно можат да се лекуваат односно нема да остават трајни последици по неговото здравје.

Во продолжение на процесот, пред Судот сведочеа и Сергеј и Саво Костоски, двајцата од Охрид, пријатели на првообвинетиот Илија Спасески од Охрид и познаници на второобвинетиот Борче Ангелов од Битола.

Обајцата сведоци пред Судот рекоа дека ќе се држат до изјавите дадени пред Обинвителството непосредно по настанот, со образложение дека тогаш подобро се сеќавале на случувањата.

Денешното рочиште по предметот продолжи со доказна постапка при која се читаа писмените докази на Обвинителството, записници, пријави, полицискиот извештај од увидот спроведен на местото на настанот, како и лекарска документација.

Следното судско рочиште по предметот судијата Бојан Мартиноски го закажа за 10 септември, за кога е најавено презентирање на доказите на обраната.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари минатата година пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, тој доби и бугарско државјанство, што му го врачи потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

распит сведоци судење Христијан Пендиков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.