Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со Законот за ЈО не може да има амнестија за „Рекет“

0
By Нова ТВ on February 12, 2020 ВЕСТИ
Фото: frontline.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 12, 2020 17:17

СМС комуникацијата помеѓу Зоран Заев и Бојан Јовановски, што беше презентирана во судница во процесот „Рекет“ е своевидно продолжение на исказот на сведокот Орце Камчев, кој директно е учесник во предавањето на парите на Боки 13 со намера да поткупи обвинителски структури кои ќе му го олеснат предметот „Империја“ во заедно со Сашо Мијалков и уште неколкумина други се гонат за милионски финансиски криминал. Имено, во телефонските пораки, Заев го известува Боки 13 дека не може да го прими на состанок и дека кривичното дело на Јовановски е толку сериозно што Заев, како тогашен премиер кога се одвивала комуникацијата, бил згрозен од доказите во случајот, па дури и му пишал на Боки 13 дека ова е сериозно досие на обвинителството.

Претходно, кога Камчев имаше свое излагање во случајот потврди дека се сретнал со Заев и дека лично премиерот инсистирал случајот да се пријави во Јавното обвинителство, што и било направено. Значи постојат најмалку два доказа кои му одат во прилог на Заев во случајот „Рекет“ – смс пораките од телефонот на Боки 13 и исказот на Камчев. И како трето – случајот „Рекет 2“, во кој е обвинета и екс партиската функционерка, Фросина Ременски.

 

Сето ова упатува на дилемата како СДСМ, преку Законот за јавно обвинителство, сака да има амнестија за случајот „Рекет“ – теза што ја застапува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Откако на Христијан Мицковски му пропаднаа сите обиди, преку опструкции, да не се донесе законот, со цел да ги заштити партиските криминалци да одговараат пред судот за кривични дела а со тоа да ја подобри изборната позиција, сега упорно повторуваат пред јавноста дека законот носи скриена амнестија. А, со тоа и амнестирање на делото „Рекет“, па дури и на самиот Заев како инволвиран во случајот.

Но, дали навистина постои вмешаност на Заев или тоа е содржано само во јавните настапи на ВМРО-ДПМНЕ со цел да имаат причина со која ќе се правдаат зошто не го гласаат законот?

„Самите пораки се доказ, јас не знам за пораките, односно не можам да се сетам на сè. Можеш да бидеш газда на провладин медиум, може да ги поддржуваш моите политики, може да ме величиш колку сакаш, но ако си се огрешил пред законот има да си одговараш“, изјави Заев откако судот ги презенитараше пораките.

Третиот факт што го користи СДСМ за да докаже дека Заев нема вмешаност во случајот „Рекет“ е предметот „Рекет 2“ во кој има обвинето поранешна партиска и државна функционерка. Таа е уште еден пример дека во борбата против криминалот не постои селективност и дека обидите да се воспостави правна држава не препознаваат партиска припадност – аргументираа деновиве од СДСМ.

Покрај сето ова, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да тврди дека некој од власта сака некого да амнестира, особено во случајот „Рекет“. Дали оваа теза е лажење на македонските граѓани и загрозување на правниот поредок на државата или ВМРО-ДПМНЕ навистина верува во ова? – Како може да амнестирате некој од нешто, ако претходно за истото нешто тој некој пријавил и веќе има две обвиненија со обвинети и со докази.

амнестија Закон за ЈО Зоран Заев Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.