Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Соборен трет неидентификуван објект над територијата на САД

0
By Ана Василевска on February 13, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската војска собори летечки објект над езерото Хјурон долж границата со Канада, соопштија денеска американските власти, што е трет таков инцидент во три дена и една недела откако кинески балон беше соборен над САД.

Неименувани функционери рекоа дека војската го соборила објектот, но одбија да кажат дали наликувал на големиот бел кинески балон соборен претходно овој месец.

Во меѓувреме, канадските истражители ги бараат остатоците од летечкиот објект што во саботата беше соборен од американски борбен авион над канадска територија.

Тимови на истражители се на терен, се обидуваат да го пронајдат и анализираат објектот, изјави вчера канадскиот премиер Џастин Трудо. Тој не кажа за што станува збор, само дека „претставува соодветна безбедносна закана за цивилната авијација“. – Безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет и затоа донесов одлука да го соборам неидентификуваниот објект, додаде тој.

Северна Америка е во состојба на висока готовност поради нарушување на воздушниот простор откако кинески балон се појави над САД на почетокот на овој месец. Кина негира дека бил користен за шпионажа и вели дека е цивилно истражувачко летало и ги осуди САД што го собориле минатата сабота.

Најмалку два други летечки објекти беа соборени над Северна Америка во текот на викендот, па воените и разузнавачките служби се фокусираа на можни воздушни закани.

Шефот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, изјави за телевизијата Еј-Би-Си дека американските власти веруваат дека двата летечки објекти, од кои првиот беше соборен над замрзнатото море во северна Алјаска во петокот, а вториот над Јукон во саботата, се балони. – Тие веруваат дека имало (балони), да, но многу помали од првиот, рече Шумер, а Белата куќа само рече дека неодамна соборените објекти „не наликуваат многу на“ кинескиот балон.

Висок американски функционер рече дека објектот има октогонална структура без видлива носивост. Нема индикации дека локацијата претставувала воена закана или дека можеби била користена за шпионажа.

По соборувањето на третиот објект, над езерото Хјурон, американскиот генерал Глен Ванхурк, кој ја надгледува контролата на северноамериканскиот воздушен простор, ја коментираше можноста тие да се од вонземско потекло. Прашан дали ја отфрла можноста за вонземско потекло за трите воздушни објекти соборени од американски воени авиони во рок од неколку дена, генералот Глен Ванхурк рече: „Ќе дозволам разузнавачката заедница и контраразузнавачката заедница да го откријат тоа. Ништо не исклучувам“.

Во овој момент, продолжуваме да ја проценуваме секоја непозната закана или потенцијална закана што се приближува до Северна Америка, обидувајќи се да ја идентификуваме, рече Ванхурк, шеф на северноамериканската воздушна команда (НОРАД) и Северната команда на САД.

Канада Кинески балон САД Шпионажа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.