Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието не изгласа одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

0
By Соња Петрушевска on November 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Пратениците не му го одзедоа пратеничкиот мандат на Никола Груевски. За одземање на мандатот гласаа 58 пратеници, против беа 29.

За да му се одземе пратеничкиот мандат требаше најмалку  80 пратеници да гласаат „за“.

На денешната собраниска седница се гласаше без да има дискусија.

Комисијата за мандатно имунитетни прашања пред два дена му препорача на Собранието да му го одеземе мандатот на Груевски, откако Судот достави допис до Собранието дека пратеникот е осуден на двегодишна затворска казна за „Тенк“.

Пратениците од парламентарното мнозинство сметаа дека затворската казна на Груевски го прави недостоен за врешење на пратеничката функција. Против гласаа и пратениците од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.

Никола Груевски не присуствуваше на собраниската седница.

Пратеничкиот мандат не го заштитува Груевски од издржувањето на затворската казна. Неговото отсуство од Собранието ќе се смета за оправдано и тој ќе добива пратеничка плата.

Груевски не замина во затвор

Вчера истече последниот рок до кога Груевски и неговите адвокати можеа да поднесат жалби по решението на судија за извршување на санкции со кое се одби молбата на Груевски за одложување на затворската казна.

Од Судот за НОВА ТВ изјавија дека ќе се чека да пристигнат сите жалби пред да заседава Кривичниот совет. Адвокатите на Груевски потврдија дека во понеделникот попладнето ги испратиле жалбите до Судот преку пошта и тие стигнаа во Судот завчера.

Според најавите од адвокатите Груевски и  сам ќе поднесел жалба, за што рокот беше до вчера. И тој има можност да ја испрати по пошта и жалбата да стигне до Судот по два дена. Дури потоа ќе  заседава Кривичниот совет, кој треба да одлучи по жалбите во рок од 72 часа.

Доколку Кривичниот совет ги отфрли сите жалби, во одлуката ќе наведе и термин кога Груевски треба да се јави на издржување на затворската казна.

Целата оваа постапка, го одложи издржувањето на затворската казна. Според упатниот акт, Груевски вчера требаше да се пријави во Шутка на издржување на затворската казна од две години за случајот „Тенк“.

Во меѓувреме Груевски се обидува да остане на слобода и преку Врховниот суд од кој бара вонредно преиспитување на пресудата. Откако поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е исто така осудена во Тенк поднесе жалба до Апелација, целосната документација за предметот треба да биде испратена до Врховниот суд.

Груевски мандат Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.