Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието расправа за предложените заменици министри

0
By Нова ТВ on June 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната собраниската седница пратениците ќе ги гласаат предлозите за заменици министри во Владата на Македонија.

Премиерот Зоран Заев обраќајќи се до пратениците рече дека биографиите се веќе 7-8 дена пред пратениците, и дека изборот на замениците е избор на професионалци и експерти.

„Го движиме делокругот на извршната власт на две шини, едната на реформи, другата на подобрување на стандардот на граѓаните. Изградивме стратегија рамноправно распределување на задачи на сите функционери кои треба да бидат сервис на граѓаните“, рече премиерот Заев.

За заменик министер за одбрана е предложен Беким Максути, за внатрешни работи Агим Нухиу, за правда предлог е Оливер Ристовски, за надворешни работи Арта Точи, за финансии Ширете Елези, за економија Кире Наумов, за Шумарство и водостопанство предложен е Власте Димковиќ, за здравство Гоце Чакаровски, за труд и социјална политика Елми Назири, за локална самоуправа Дејан Павлевски, за заменик на министерот Алаѓозовски предложен е Владимир Лазовски, за заменик на министерот за Информатичко општество и администрација предложен е Владимир Бајдевски, за Транспорт и врски Ремзи Мехмети и за заменик министер за животна средина и просторно планирање предложен е Јани Макрадули.

„Императивот на владата е да знае дека парламентот е тој што ги креира политиките и наша должност е да го испочитуваме Парламентот кога нашето присуство овде е неопходно и а бидеме поставени на својот дел од извршноста дадена и делегирана од Собранието. Луѓето предложени овде знаат дека ќе добијат одговорна задача да ги извршуваат задачите според законите и уставот со цел подобрување на животот на сите граѓани на Македонија“, рече премиерот Заев.

Влада заменици-министри Зоран Заев Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.