Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието втора недела без најавени активности

0
By Нова ТВ on February 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 12, 2018 09:03

Собранието на Република Македонија и оваа недела нема да одржи пленарна седница, а не се закажани ниту седници на комисиите. Ова ќе биде втора недела како Парламентот нема да одржи седница. Има и незавршени седници, а има и прашања и закони кои се очекува да бидат ставени за дневен ред на некоја следна седница.

На веќе започнатите седници се прашањата за Законот за јазиците, за кој има поднесено над 35.000 амандмани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, законите за патните трошоци, прашањето за потпретседателите на Парламентот, но и барањето за ставање на дневен ред на одлука за пополнување на составот на Државната изборна комисија.

Минатата недела од кабинетот на претседателот на Парламентот Талат Џафери информира дека амандманите се предведени и оти тие сега технички се средуваат и се групираат, но оти се уште не се знае кога ќе се расправа за нив. Аманданите се на дневен ред на 32. седница како осма точка, но таа беше прескокната со образложение дека не се создадени технички услови за да се расправа за нив.

На оваа седница на дневен ред се и измените на законите со кои се намалуваат патните трошоци на пратениците и на другите избрани и именувани лица, законот за минерални суровини, по скратена постапка, како и други финансиски планови, одлуки и извештаи.

За амандманите за Законот за јазиците власта се надева дека ќе биде постигнат некаков политички договор со опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, политичарите не откриваат како ќе биде постигнат овој договор.

Поголема група пратеници меѓу кои и претседателот на Парламентот Талат Џафери, како и вработени во службата на Собранието во вторник заминуваат во Вилтон Парк, во Велика Британија, каде македонскиот Парламент има повеќегодишна соработка со тамошниот институт. Партиска делегација претходно беше во Стразбур во Европскиот парламент, а исто така неколку пратеници беа и на молитвениот појадок во Вашингтон.

Но, минатата недела во Парламентот се состануваа работните групи составени од пратеници од власта и опозицијата, на кои се разговарало за реформските закони. Дека вакви средби се одржале, потврдуваат од партиите, но нема информации дали нешто е усогласено.

активности седници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.