Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието за поплавите: Хуманост на терен, тука одговорност

4
By Нова ТВ on August 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 14, 2016 15:14

-6 август 2016 година е нова темна страница во историјата на Македонија. Институциите се карикатури кои се колабирани. Оваа земја страда од тоа што луѓе што не го работат тоа за што се поставени и што треба, рече Софија Куновска од СДСМ реплицирајќи на излагњето на вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, критикувајќи го неговиот став дека сега не е време за одговорност тука за лопата.

Таа го праша дали ќе побара одговорност од првите луѓе на Дирекцијата за заштита и спасување, на Центарот за управување со кризи кои не беа на висина на задачата од првиот ден. Исто така таа праша дали ќе има одговорност од Јавниот сервис МТВ кој до 2 часот по полноќ немаше информација за невремето.

Според неа, одговорност има и УХМР кои не го предвидоа невремето. Обраќајќи се до министерот за внатрешни работи Чавков таа рече дека „еден граѓанин успеал да спаси повеќе ѓивоти на денот на невремето, отколку целото нгово Министерство“.

Таа го запраша Тодоров дали бројката од 22 жртви од поплавите е конечна или има и други кои не се објавуваат во јавноста, зошто евакуацијата на населението е започната друи вчера, седум ден по поплавите и зошто институциите не биле  присутни на теренот уште истата вечер.

Куновска побара целата помо и донации да бидат транспарентни за да не се создаваат сомнежи за злоупотреби.

Одговарајќи на тврдењата и прашањата на Куновска, Тодоров рече дека таа го направила тоа што тој апелирал д ане се прави- да се собираат политички поени во услови на криза. Тој негираше дека институциите не биле присутни и се повика на податоците што претходно ги спомена во излагањето.

Беким Фазлиу од ДПА посочи дека мора да има политичка, морала и кривична одговорност за жртвите од невремето кое според него можеле да се избегнат ако институциите се погрижиле во настраданите подрачја како Стајковци, Сингелиќ и Арачиново има обебзедено чисти канали и атмосферска и фекална канализација.

Тој посебно го критикуваше однесувањето на политичарите кои како што рече во погодените подрачја оделе за „сликање“. На излагањето на вицепремиерот за веропски прашања АРбр Адеми, кој говореше за ангажманот на владините институции, Фазлиу му реплицираше дека тој „нема идеја“ каква е ситуацијата на теренот бидејќи не ни отишол да види.

Џевад Адеми од ДУИ предложи сите политичари со своите приходи да даде придонес во донациите за настраданите.

Павле Трајанов од ДС ја пренесе пораката од жителите на погодените региони дека 25 години гласале за нив, а сега се удавени во кал. Тој истакна дека секој може да донира колк сака, но никој не може да забрани за сите слабости, за колапсот на сигналите за предупредување да бараат одговорност.

Трајанов побара да се формира парламентарна комисија која ќе ги спроведува заклучоците што би ги донело Собранието. Исто така тој побара при лоцирањето на местата каде да се помага, да се имаат предвид и компаниите кои претрпеле штети од невремето, бидејќи голем дел од настраданите граѓани работат токму во овие компании.

Антонио Милошоски во неговиот говор се заблагодари за ангажманот на припадниците на државните институции, повторувајќи го ставот на владејачкото мнозинство во оваа дебата дека сега не е време да се бара одговорност. „Некои едвај чекаа да се случи ваква трагедија за да ги искаже свооите политички фрустрации“, рече Милошоски.

Собранието во моментов е на пауза.

дебата поплави Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.