Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Согласно традицијата Трамп помилува две мисирки годинава чин пропратен и со негови невкусни шеги за своите политички противници

0
By Zoran Ivanov on November 26, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 26, 2025 10:43

 Духот на Доналд Трамп воопшто не беше празничен за време на востановеното помилување на две мисирки, обичај на Белата куќа за Денот на благодарноста, a откако тој најде изговор да упати остри напади врз своите политички противници, објави АП.

На почетокот, Доналд Трамп на шега рече дека ќе ги испрати мисирките во озлогласениот затвор во Ел Салвадор, каде што се испраќаат имигрантите депортирани од САД.

Потоа рече дека птиците треба да се викаат Чак и Ненси (по демократите Чак Шумер и Ненси Пелоси) и истакна дека никогаш нема да ги помилува овие луѓе.

Потоа тој рече дека помилувањето на мисирките од страна на Џо Бајден минатата година е неважечко бидејќи користел автопен. „Каде е Хантер?“ додаде тој, имплицирајќи дека синот на неговиот претходник би можел повторно да се најде во правни проблеми.

И сето ова пред да ги насочи своите стрели против демократскиот гувернер на Илиноис, Џеј Роберт Прицкер, кого го нарече „голем, дебел плачко“ затоа што се спротивстави на плановите на Белата куќа за распоредување на Националната гарда во Чикаго.

Трамп рече дека подготвил шега за Прицкер, но додаде дека одбива да зборува за фактот дека е „дебел рикач“.

Трамп конечно се снајде на работата што беше во прашање, а тоа беше помилување на мисирките Гобл и Водл. И двeте мисирки беа поштедени од трпезариската маса, но само една го доби вниманието.

Гобл, само сакам да ти го кажам ова – многу е важно – со ова си безусловно помилуван, рече Трамп. Тој посегна да помине со раката по пердувите, велејќи: Кој би сакал да ѝ наштети на оваа прекрасна птица?

Водл претходно беше забележан во салата за брифинзи во Белата куќа.

Трамп искористи дел од своите церемонијални забелешки за да каже дека цената на оброците за Денот на благодарноста се намалува под негово водство, иако неговите бројки се погрешни. Некои истражувања покажуваат дека празничните вечери би можеле да чинат повеќе оваа година, а како последица на инфлацијата.

Расеано смеење за време на настанот се слушаше од публиката седната под блачното небо во Градината со рози.

 

мисирки помилува Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.