Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сојуз на спортови на Скопје ги додели наградите „13 ноември“: Лауреати Дејан Горгиевски и Илина Арсова

0
By Sashko on November 11, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Традиционално, по повод денот на ослободување на Град Скопје, Сојузот на спортови на Скопје ja доделува наградата „13 Ноември“. Годинава, на предлог на Комисија за награди и признанија и со одлука на Управниот одбор на Сојузот, награди се доделени на:

Дејан Горгиевски од Теквондо клуб „Бутел“ Скопје, наградата „13 Ноември“ за освоено второ место во теквондо на Олимписките игри во Токио.

Илина Арсова, планинарка – награда „13 Ноември“ за искачување во Еквадор, Јужна Америка, на пет врвови со над 5.000 метри надморска височина, како и за голем придонес во развојот на спортот.

Наградата – тренер се додели на Борче Костовски, кој е тренер на Дејан Горгиевски во теквондо и заслужен е за освоеното второ место на Олимписките игри во Токио.

Наградата за спортски новинар беше доделена на Бранко Казаковски, новинар од спортската редакција на телевизија Телма, кој даде значаен придонес во развој и унапредување на спортот.

Наградата „Спортски работник“ ја доби Билјана Димовска, долгогодишна спортска работничка во тенискиот спорт, која има значаен придонес во развојот и унапредувањето на тенисот.

Сојузот на спортови на Скопје ја додели наградата „Спортски работници за Животно дело“ на Насе Насев, познат и признат тренер и селектор на најуспешните борачи од државата кои се носители на медали од европски и светски првенства и олимписки игри, на Седадин Али – Сетко, професор по физичко образование и воспитание, тренер по фудбал и спортски работник во повеќе спортски здруженија и на Љубомир Котевски, планинар, планинарски водич и спортски работник.

Наградата „13 Ноември за Општествено спортски работници“ се додели на Горанчо Петровски, Началник за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, кој повеќе од 10 години успешно ја реализира сообраќајната логистичка поставеност на маратонот и сите останати трки и настани, со што обезбедува висока безбедност при одржување на истите и на Даниел Димевски, претседател на Македонскиот олимписки комитет, за успешен настап на нашите олимпијци на последните Олимписки игри во Токио, како и за освојувањето на сребрен медал по пауза од 20 години, а особено е заслужен и за обезбедување на нови и модерни услови за развој и унапредување на врвниот спорт.

Претседателот на Сојузот на спортови на Скопје на сите добитници им ги честита наградите и им посака уште поголеми успеси и спортски резултати следната година.

13 Ноември Дејан Горгиевски Илина Арсова награда Сојуз на спортови на Град СКпопје спорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.