Американската тајна служба го блокира влезот во Белата куќа откако пред резиденцијата на претседателот Доналд Трамп е пронајдена сомнителна торба.
-Белата куќа е блокирана. Новинарите се отстранети од Северниот парк. Можен сомнителен пакет во авенијата Пенсилванија, напиша на Твитер фоторепортерот на Си Ен Ен Питер Морис, пренесува британскиот весник Сан.
Морис напиша и твит дека се евакуирани луѓето од авенијата Пенсилванија и од паркот Лафајет.
Новинарот од Вашингтон Бен Пејџ Гил на интернет објави слики од сомнителната торба поради која започна узбуната.
Репортерката на Си Би Ес Кејти Вилсон објави дека Тајната служба потврдила дека истражува пакет пронајден неколку метри од Белата куќа.
-Непосредното подрачје е исчистено од туристи кои се поместени наназад откако што е пронајден пакет во близина на северната ограда, напиша Вилсон на Твитер.