Десет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопат во Германија. Во инцидентот учествуваше аматерската фудбалска екипа на Хартмансдорфер додека патуваше на гостување кај екипата на Весеницал од Дрезден. Осуммина од играчите и тренерот притоа се здобија со повреди, а, според „Билд“, пет од нив се наоѓаат во потешка состојба.
Германските медиуми пишуваат дека еден дел од екипата тргнала кон Дрезден со комби, а останатите со приватни автомобили.
„Зад управувачот беше нашиот тренер. Одеднаш пукна гума, ја изгуби контролата врз возилото и се превртевме покрај автопатот“, рече Ларс Шуберт, директор на екипата, кој беше меѓу патниците во комбито.
„Пет момчиња ќе мора да останат во болница. Останатите со тренерот се вратија дома“, додаде тој.