Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сообраќајна несреќа во Албанија: Тешко повреден македонски државјанин

0
By Нова ТВ on August 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 11, 2020 10:51

Македонски државјанин е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во близина на албанскиот приморски град Саранда, јави телевизија „Ора Њуз“. Од сè уште непознати причини Т.К. (44), кој управувал со автомобилот „шкода“ со скопски сообраќајни ознаки, загубил контрола врз возилото, скршнал од коловозот и удрил во карпа покрај патот.

Возилото се движело од Саранда во правец на познатото одморалиште Ксамил. Возачот кој се здобил со тешки повреди е пренесен во регионалната болница во Саранда, но според последните информации е вон животна опасност. Ова е трета сообраќајна несреќа овој месец во којa учествуваат македонски државјани.

На 1 август на патниот правец Елбасан – Пеќин во директен судир учествувал македонскиот државјанин М.К. (38), со возило „мерцедес“, при што се здобил со полесни повреди. Во несреќата животот го загубил сопатникот во возилото „сузики“ управувано од жител на Елбасан.

На истиот патен правец, на 5 август, дошло до судар на три возила, автомобил „шкода“, управувано од А.И. (45) жител на Кучово, кај Берат, „алфа ромео“ управувано од Н.Х., како и автомобил „мерцедес“ управуван од Р.Б. државјанин на Северна Македонија.

Во несреќата животот го загубила сопатничка во шкодата, додека со полесни повреди се здобиле тројцата возачи.

Албанија Ксамил македонски државјанин Саранда сообраќајка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.