Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Соопштение на ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

0
By Zoran Ivanov on May 3, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 3, 2026 11:49

Скопје, 3 мај 2026 – По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ЦИВИЛ – Центар за слобода предупредува дека медиумската слобода во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан се трансформира во систем на контрола без формална цензура.

Во време кога формално постојат илјадници медиуми, просторот за вистинско, независно новинарство е во фаза на исчезнување. Ова е модел. Наместо отворена репресија, денес доминираат посуптилни механизми:

  • политичко влијание врз медиумските екосистеми
  • економска зависност и нестабилност
  • правен притисок и злоупотреба на судски процеси
  • координирани кампањи на дискредитација и заплашување

Како што се нотира и во анализата на ЦИВИЛ МЕДИА, медиумската средина повеќе не е дефинирана првенствено од директна цензура, туку од системи што изгледаат легитимно, но ја поткопуваат независноста на новинарството .

Во Северна Македонија, не станува збор за нагло паѓање, туку за континуирано влошување. Земјата се движи од период на надеж кон фаза на стагнација и постепено назадување. Оваа состојба се карактеризира со:

  • економска ранливост на независните медиуми
  • агресивна реторика кон новинарите
  • слаби институционални механизми за заштита
  • зависност од политички и бизнис центри на моќ
  • ограничен пристап до информации

Сето тоа прерасна во систем во кој притисокот врз медиумите станува нормален, а професионалната независност – исклучок.

Регионалната слика е слична. Западен Балкан претставува пример за новата глобална реалност: медиумски плурализам без суштинска независност.

Истовремено, целиот регион и понатаму останува изложен на странски операции на влијание и пропагандни мрежи кои ги користат овие слабости.

Без независни медиуми, нема отчетност, нема информирани граѓани и нема демократски процеси. Слободата на медиумите не е симбол – таа е услов за демократија. Светскиот ден на слободата на медиумите не смее да се сведе на симболични изјави. Во услови на медиумско заробување, самото постоење на медиуми не значи и постоење на слободно новинарство.

ЦИВИЛ упатува директен повик до меѓународната заедница и донаторите да излезат од политиките на комфор, умилкување и лажна неутралност. Финансирањето на медиуми што практикуваат „лажен баланс“ и декларативна „професионална неутралност“ не е поддршка на демократијата – туку нејзино поткопување.

Кога фактите и пропагандата се третираат како еднакви позиции, се создава простор за национализам, авторитарни наративи и про-кремљовска пропаганда. Тоа не е плурализам. Тоа е легитимирање на манипулацијата.

Донаторските политики мора да направат јасна разлика меѓу независно новинарство што се темели на факти и јавен интерес и медиумски практики што под изговор на „баланс“ ги нормализираат лагата и злоупотребата на моќта.

Поддршката за медиуми не смее да биде техничко прашање на „вклученост“ и „видливост“, туку принципиелна одлука за тоа каков медиумски простор се гради.

Слободата на медиумите не значи еднаков третман на вистината и лагата. Не значи платформа за пропаганда во име на „професионалност“. Слободата на медиумите значи одговорност кон вистината. Секое финансирање што го игнорира ова – директно придонесува кон ерозија на демократијата.

Слободата на медиумите не се губи одеднаш. Таа се празни – чекор по чекор. И токму затоа, секоја одлука денес – одредува дали новинарството ќе опстане или ќе биде заменето со пропаганда.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

 

медиумји слобода Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.