Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Социјалистите во Албанија собраа 50 пратенички потписи за смена на Илир Мета

0
By НОВА ТВ on May 3, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 3, 2021 20:43

Албанските социјалисти собраа потписи од 50 пратеници, колку што се доволни во Парламентот да почне иницијатива за смена на шефот на државата, Илир Мета.

Она што може да се забележи во документот за смена на Мета е фактот дека меѓу потписниците не се наоѓа премиерот Еди Рама, кој уште за време на изборната кампањата изјави дека е за негова смена.

Во образложението за смена на актуелниот претседател, меѓу повеќето прекршувања на неговите уставни надлежности, се споменува и обвинувањето адресирано до американската амбасадорка Јури Ким, на која Мета и порача да не се меша во внатрешните работи на Албанија.

Според најавата од парламентарната група на социјалистите, тие предлогот веќе го доставиле до Парламентот и очекуваат тој да се најде на утрешната пленарна седница.

Мета, пак, истакна дека изборниот процес целосно не е завршен и оти треба да продолжи администрирањето на секој приговор и пребројувањето на секое гласачко ливче.

Обидот на социјалистите за негова смена тој го нарече „каписла“ и порача да се спроведе истрага за изборниот криминал.

Ова е втор обид на социјалистите за смена на претседателот, кога беше формирана анкетна комисија на почетокот на 2019 година, кога иницијативата ја поддржаа 101 пратеник. Но по добиениот одговор од Венецијанската комисија во октомври истата година постапката беше прекината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.