Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Пендаровски: Не е потребно голо декларирање на кризна или вонредна состојба

0
By Нова ТВ on March 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Моменталната поставеност на институциите и доследноста со која се применуваат мерките за заштита се адекватни на ризите на кои сме изложени и затао нема потреба од прогласување кризна состојба на целата територија, или пак вонредна, соопшти шефот на државата Стево Пендаровски, по завршувањето на Советот за безбедност.

Ако има потреба за тоа, а заега нема, потенцираше Пендаровски, може понатаму во зависност од состојбата да прогласиме кризна состојба во други делови освен во општините Дебар и Центар Жупа.

„Не е потребно да избрзуваме со голо декларирање на повисоко ниво, со кризна или вонредна состојба, со оглед на проценките дека повисока опасност засега не постои“, рече Пендаровски.

Две причини се клучни за ваквата одлука. Надлежните инситуции постојано ја мониторираат состојбата. И второ, јасно е дека секаде во светот ова ќе потрае и ќе мора ресурсите да се димензионираат според реалните потреби и ризици.

И без да се прогласи вонредна состојба државата може во наредниот период да го ограничи движењето од една во друга општина. „Мерките се ригорозни, и тоа е проценето и од меѓународни фактори како ефикасно справување со кризата“, рече Пендаровски нагласувајќи дека овдешните мерки се и поригорозни од државите каде веќе се прогласи вонредна состојба.

Вонредна состојба е дефинирана само во еден член на Уставот. Постои Закон за криза, за управување со кризи…, кои според Пенадровски, имаат свои недоречености. Но постои само 125-от член од Уставот за вонредна состојба. Во таква ситуација Владата управува со уредби со законска сила. Го има дискреционото право на законодавец и извршител на прописите. Собранието во таква ситуација, ќе рече Пендаровски, е суспендирано без оглед дали заседава или е распуштено.

Министерот за здравство, Венко Филипче, реферирал на состанокот за состојбата која засега е оценета како позитивна.

„Во Центар Жуп и Дебар имаме одлична соработка на терен меѓу надлежните, армијата полицијата и локалната самоуправа. Посебно признани да им се одаде на граѓаните кои ги применуваат сите препораки и мерки. Министерот ни го презентираше целокупниот план за распределување на лекарскиот персонал. Станува бор за максимална и целосна мобилизација на здравствениот кадар независно дали работат во главниот град или низ целата држава“, рече Пендаровски.

Тој уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почитуваат стриктно сите мерки кои се познати и соопштени преку средствата за јавно информирање, бидејќи тоа е најдобриот начин да се спречи ширењето на вирусот. Бее потреба да не се патува надвор, особено во високо и средно ризични земји. Без голема потреба граѓаните кои се во странство да не се враќаат, бидејќи така самите се изложуваат на опасност но ги изложуваат и тие покрај себе.

„Ќе ја следиме ситуацијата 24 часа и по потреба ке се состануваме секој ден, ако треба и повеќе од еднаш дневно. Советот за безбедност ќе одржува седници и ќе дава препораки согласно уставната надлежност. Вечерва Владата ќе одржи итна седница, не е исклучено да бидат донесени и друг сет на мерки“, рече Пендаровски.

Тој потсети дека утре има средба со лидерите на партиите со единствена точка на дневен ред – одложување на изборите. „Не гледам причина зошто тие да не бидат одложени“, рече Пендаровски.

Во оваа насока тој информираше дека мисијата на ОБСЕ и ОДИХР со официјален допис го известиле дека се повлекуваат од Македонија, односно ја откажуваат мониторинг мисијата. Пендаровски истакна дека за два до три дена тие и физички ќе се повлечат од наша земја.

Коронавирус прес конференција Совет за безбедност Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.