Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советници од СДСМ бараат ревизори да го чешлаат работењето на „Дрисла“

0
By Нова ТВ on February 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советничката група на СДСМ во Град Скопје на утрешната седница на Советот ќе побара да се направи ревизија за работењето на фирмата „Дрисла ДОО“ Скопје која е во јавно – приватно партнерство меѓу италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ и Град Скопје.

„Ние се сомневаме дека италијанската компанија нема инвестирано ниту едно евро во Дрисла. Единствените инвестиции се оние кои ги направи Градот во изминатите неколку години. Веруваме дека приватниот партнер преку фактури ја празни сметката на компанијата. Ќе бараме информација за работењето на Дрисла, но и државниот ревизор да го провери работењето на фирмата“, брифираат од советничката група на опозицијата во Советот.

Град Скопје на минатата седница по трет пат ја усвои одлуката која Германската фирма што учествуваше на тендерот за јавно – приватно партнерство за „Дрисла“ ја обжали на Управен суд.

Координаторот на советничката група на СДСМ, Драги Давчевски, тогаш рече дека Вишиот Управен суд донел одлука да се поништи тендерот и да се започне нова постапка.

„Ова е второ поништување од судот во Македонија. Италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ вети инвестиции, но до денеска нема ништо освен канали и сливници кои се изградени со парите од Градот“, рече Давчевски.

Тој побара и да се активира банкарската гаранција затоа што компанијата не инвестирала во „Дрисла“ ниту еден денар.

Директорот на депонијата „Дрисла“,  Горан Ангеловски, врати со тоа што рече дека целата постапка за избор била транспарентна и со одлуката на Вишиот Управен суд тоа се потврдило.

Одговарајќи на новинарско прашање, колку пари досега инвестирала италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ во „Дрисла“ и колкава била обврската за инвестирање  во првите 4 години, Ангелов рече дека досега се инвестирани 3,5 милиони евра, но само за подготовка на детално урбанистичка планска документација. Тој додаде дека причината за ова е затоа што немале добиени никакви дозволи од Министерството за животна средина, а обврската на италијанската компанија била да инвестира 73 милиони евра во првите 4 години.

Според документите од италијанскиот регистер на трговски друштва, „ФЦЛ Амбиенте“ е формирана на 14 февруари 2012 година или само три дена пред тие и нивниот конзорциумски партнер – големата италијанска фирма „Униеко“ да ја дадат својата понуда.

„ФЦЛ Амбиенте“ е во сопственост на мрежа на компании на фирмата „Ферацоли С.П.А.“, која според трговскиот регистар е мала компанија и работи како „финансиски посредник“, а во 2012 година имала обрт од 310.744 евра и профит од 7.715 евра.

Без искуството на Униеко во екологијата и градежништвото, како и профитите и обртите поголеми од 500 милиони евра, „ФЦЛ Амбиенте“ не би можела да го обезбеди договорот за скопската депонија.

Па сепак, се чини, дека Униеко, освен со учеството на тендерот, нема понатамошна улога во проектот за Дрисла. Компанијата дури не се појавува ниту како сопственик заедно со „ФЦЛ Амбиенте“ во новата фирма за јавно-приватно партнерство, која е наменски формирана за да ја води депонијата.

Град Скопје Дисла инветиции Јавно-приватно партнерство отпад Советници ФЦЛ Амбиенте
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.