Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советниците на Трамп често се среќавале со руски претставници

0
By Нова ТВ on March 3, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советникот на Доналд Трамп, кој е сопруг на неговата ќерка Иванка, исто како и Мајкл Флин, се сретнал со руски официјални претставници, а тоа се случувало во момент кога релациите САД-Русија беа под интензивен надзор поради хакерските напади врз Демократскиот национален комитет.

Џаред Кушнер заедно со Флин, во декември минатата година во кулите на Трамп се сретнале со рускиот амбасадор Сергеј Кисљак, а според извори од состанокот, разговорот се одвивал кратко, на кој страните се запознавале.

Состанокот траел околу 10 минути.

Флин поднесе оставка веднаш откако Њујорк Тајмс објави дека тој остварувал средби со руски претставници пред да стане дел од официјалната администрација, а според американските закони, казниво дело е цивил да преговара за меѓународните односи на државата.

Присуството на Кушнер на овој состанок, го објави Њујорк Тајмс, а се работи за огромен медиум на кој администрацијата на Трамп неодамна му забрани да присуствува на брифинзи во Белата куќа.

Изворот на Тајмс за состанокот на Флин и Кушнер со Кисљак сепак вели дека ова не треба да загрижува бидејќи се работело за состанок на кој страните се запознавале во однос на подобрување на односите меѓу земјите. Кушнер се сретнал и со дузина други амбасадори.

Уште еден советник од кампањата на Трамп, Џ.Д. Гордон обелодени дека разговарал со руски претставници, но вели тие не биле ништо поразлични од она што тој отворено го зборувал, туку се работело за подобрување на односите.

– Тоа не беше ништо поразлично од она што јас јавно го зборувам или за време на семинари и конференции, вели Гордон.

Доналд Трамп Русија Сергеј Кисљак Џаред Кушнер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.